Насилници претепале малолетник на улица во Центар | Правдико

Правдико

   

Насилници претепале малолетник на улица во Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанец вчера пријавил во полиција дека група од 10 непознати лица го претепале неговиот малолетен син.

Според информациите на МВР, вчера во 19.45 часот во Полициската станица Центар, А.З. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден во 19.10 часот на булеварот Кузман Јосифовски – Питу, кај Народната банка, 10-ина непознати лица физички го нападнале неговиот 17-годишен син.

Според пријавата, напаѓачите го истепале малолетникот со клоци и тупаници. Од нападот тој добил отоци во пределот на главата, црвенило и гребаници во пределот на нозете и црвенило во пределот на грбот и стомакот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико