Наскоро ќе се спојат Русија и Јужна Осетија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја поднесе на ратификација во парламентот спогодбата за здружување и за интеграција на Русија и на Јужна Осетија.
Спогодбата предвидува заедничка одбрана и безбедност, слободно движење преку границите меѓу Русија и Јужна Осетија, земање предвид на рестрикциите воведени поради безбедносни причини, соработка на полициските агенции, поедноставување на процедурите за добивање руско државјанство, како и исплата на пензии.
Русија ќе ја осигури одбраната и безбедноста на Јужна Осетија и ќе ги заштити нејзините граници. Документот, исто така, предвидува Москва и Шинвали да ја координираат надворешната политика.
Путин и претседателот на Јужна Осетија, Леонид Тибилов, ја потпишаа спогодбата за здружување и за интеграција на 8 март во Кремљ.
Извор: Мета.мк