Наскоро колективен договор за вработените во јавната администрација | Правдико

Правдико

   

Наскоро колективен договор за вработените во јавната администрација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вработените  во јавната администрација наскоро ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски.

Синдикатот на УПОЗ  и Министерството за информатичко општество и администрација денеска се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за колективниот договор во јавната администрација.

Претседтелот на УПОЗ, Пецо Грујовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по седницата на претседателството на УПОЗ изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.

– Ова е прв колективен договор кој ќе се обидеме да го испреговараме и се надевам успешно да го потпишеме, од 1995 година. Со овој договор многу подиректно ќе се регулираат правата и обврските на вработените во јавната администрација – истакна министерот Манчевски.

Претседтелот на УПОЗ рече дека како синдикат ќе бараат во колективниот договор  да биде опфатено и прашањето за исплата на К-15 во јавната администрација.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико