Наскоро попис на населението во северно Косово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ПРИШТИНА – северниот дел на Косово, каде Србите се мнозинство од населението, во текот на годината ќе се спроведува попис на населението и земјоделски имот, рече шефот на косовската Агенција за статистика, Иса Красниќи, објави денеска приштинскиот весник Зери.
“Пописот на населението и земјоделските имоти ќе се одвива во текот на годината во четири општини во северно Косово – во Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ”, рече Красниќи.
Според него, проектот ќе биде финансиран од страна на Канцеларијата на Европската унија во Косово.
“Пописот ќе се врши во согласност со истите стандарди кои се применети во текот на пописот на населението во останатите делови на Косово во 2013 година”, рече тој.