Наскоро пред Влада протоколот за организирање јавни настани | Правдико

Правдико

   

Наскоро пред Влада протоколот за организирање јавни настани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, министрите за здравство, Венко Филипче, и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска во „Паркот на Франкoфонијата“, одржаа работен состанок со преставници од Здружението на културни работници.

На состанокот се разговараше за предлог-протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот Ковид-19.

Вицепремиерката Царовска и останатите присутни министри на состанокот истакнаа дека Владата ќе ја разгледа оваа иницијатива од културните работници и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.

Претставниците на Здружението истакнаа дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните. Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико