Насоки за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување | Правдико

Правдико

   

Насоки за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност.

g_ujp-nova1

– Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување.

– Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.129/15), од 8 август 2015 година се изврши доуредување и допрецизирање на одредбите за прометите во постапки на присилна наплата и присилно извршување, како и:

1. воведување на механизмот на пренесување на даночната обврска во случај кога доверителот се стекнува со доброто.
2. промена на рокот за плаќање и достава на ДДВ-ПНПИ во постапка за присилно извршувањесо цел усогласување со Законот за извршување.

Субјектот надлежен за постапката на присилна наплата и присилно извршување има обврска за прометот да изготви соодветни обрасци кои се пропишани во:

– Правилник за формата и содржината на Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ), со примена од 1 јануари 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.198/14).

– Правилник за формата и содржината на Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто (образец ДДВ-ПНПИ/ДС), со примена од 25 август 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.143/15).

Табела: Начини на постапување во постапка на присилна наплата и присилно извршување

Screenshot_2

Препорачуваме

Партнери на Правдико