Насоки за пополнување на годишен извештај за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години | Правдико

Правдико

   

Насоки за пополнување на годишен извештај за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ujp-nova1Исплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г  – Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

При внесот на “Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во:

  • колона 3 се внесува податок за износ на бруто приходи;
  • колона 4 се внесува износ на одбитоци (износ на пресметани придонеси),
  • колона 5 се внесува износот на даночното олеснување;
  • колона 6 се внесува износ 0 (нула) во случај на ослободување од персонален данок на доход по член 98 од Законот, односно износ на платен персонален данок во случај да не е користено право од член 98 од Законот; и
  • колона 7 се внесува износот на исплатениот нето приход.

Начинот на пополнување во “Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај “ПДД-ГИ“ за видот на исплата 3.1-г се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник.

Исплатувачите кои веќе имаат поднесено Годишен извештај “ПДД-ГИ“ до УЈП, а исплатите по овој основ ги внеле на друг реден број (на пример, реден број 3.1) потребно е да поднесат “Исправка на ПДД-ГИ“.

Во збирната пресметка за исплатените приходи која исплатувачите се должни да му ја издаваат на граѓанинот треба да ги содржи истите податоци, како и искажаните во Годишниот извештај.

Исплатувачите кои го изгубиле правото на ослободување по член 98-б од Законот и извршиле плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, потребно е податоците за овие исплати да ги искажат на реден број 3.1 – Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси.

Извор: УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико