Правдико

   

Насоки за примена на начелото за неказнување на жртвата на трговија со луѓе и трговија со дете

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оваа публикација е наменета да им помогне на органите за откривање, гонење и пресудување на дела на трговија со луѓе и деца, како и на органите и институциите наделжни за превенција, идентификација, помош и поддршка и правно застапување на жртвите на овие тешки кривични дела и граѓанските зруженија кои активно работат на овој план подобро да го разберат и соодветно да го применуваат начелото на неказнување на ЖТЛ. Во неа се разработени опсегот и суштината на ова комплесно начело согласно меѓународните конвенции и документи и кривичното законодавство на Република Северна Македонија, со посебен осврт на измените на Кривичниот законик (Службен весник на РМ бр.248/18) со кои е предвидена изрична одредба за неказнување на жртвата на кривичното дело трговија со луѓе (член 418-а, став 7) и кривичното дело трговија со деца (член 418-г, став 8).

Публикацијата има за цел да им послужи како практична алатка на сите релевантни субјекти во нивните активности и напори да ги препознаат и да ги утврдат претпоставките за неказнивост на ЖТЛ, од што зависи понатамошното постапување и третман на жртвата. Начелото односно клаузулата за неказнување треба да придонесе за целосна заштита на ЖТЛ од примена на мерки на процесна присила (лишување од слобода, притворање), поведување кривична постапка, добивање криминално досие, осудување и изрекување санкција. Незакнувањето на ЖТЛ ќе овозможи поефикасна идентификација, помош и поддршка на жртвите, кои со оглед на состојбата во која се наоѓаат, често се приморани од страна на трговците да вршат други казниви дела, а истовремено ќе ги охрабри да соработуваат со органите на прогон во откривањето и казнувањето на сторителите.

Целата публикација можете да ја преземете ТУКА

Партнери на Правдико