Наставничка ја удрила директорката на основното училиште во Зелениково
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Наставничка вработена во основно училиште во скопското село Зелениково ја удрила директорката во училиштето. Полицијата информира дека на инцидентот што се случил вчера претпладне во училиштето „Мaрко Цепенков“ му претходела расправија меѓу двете колешки.
Додека се расправале во ходникот пред канцеларијата на директорката, наставничката ја удрила директорката, а случајот веднаш бил пријавен во полиција. Полицијата го расчистува насилството по што ќе биде поднесена пријава.
Извор: Макфакс