Наставничка од Хрватска работела со лажна диплома 15 години, била вработена дури во две училишта
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Цели 15 години жена (43) со лажна факултетска диплома работела во две основни училишта во околината на Копривница, Хрватска. Таа е откриена минатата година кога хрватското Министерство за образование наредило проверка, при што се утврдило дека таа има дури две фалсификувани дипломи од загрепскиот факултет.
Наставничката е суспендирана и е поднесена кривична пријава од полицијата во Копривница до надлежното државно обвинителство, јавува „Вечерњи лист“.
„Се претпоставува дека жената (43) од подрачјето на Вараждинската Жупанија од 2005 до 2020 година, врз основа на неверодостојни дипломи од загрепскиот факултет, склучила договори за вработување со две основни училишта во Копривница. Врз основа на лажната диплома таа во работната книшка напишала висока стручна подготовка. Против осомничената е поднесена кривична пријава од надлежното државно обвинителство“, соопшти дирекцијата на полицијата во Копривница.
Извор: Макфакс