Наставник нападнат со нож на прослава на полуматура
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За време на прослава на полуматура од основно училиште „Климент Охридски“ во хотел во Прилеп непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне 61-годишниот наставник С.Ј. од Прилеп.
Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож. Тој бил спречен од присутните по што наставникот влегол во салата од хотелот.
Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката. За да се заштити, наставникот турнал стол накај лицето по што бил совладан од обезбедувањето во салата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Извор: Макфакс