Наташа Габер Дамјановска избрана за нов директор на Академијата за судии и обвинители | Правдико

Правдико

   

Наташа Габер Дамјановска избрана за нов директор на Академијата за судии и обвинители

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со осум гласа „за“ и еден воздржан, поранешната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска денеска на јавна седница е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ со двотретинско мнозинство од страна на деветмината членови на управниот одбор.

Габер Дамјановска претходно беше директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје, а докторирала на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје.

Покрај Габер Дамјановска, за оваа позиција се кандидираа и Мирјана Лазарова Трајковска, поранешна судијка во Уставниот суд и Европскиот суд, Александар Маркоски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и Елена Андреевска, поранешен јавен обвинител и професорка на Правниот факултет на Универзитетот ЈИЕ.

На денешната јавна седница не беше избран заменик директор на Академијата за што кандидатура поднесе само еден кандидат, Илир Исени за кој 3 члениот одбор кој ги разгледувал кандидатурите заклучил дека Исени не исполнува 1 од условите за кандидат за оваа позиција а тоа е лицето да достави документ дрка не е осудено за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци.

Согласнот законот, управниот одбор е обврзан во рок од 30 дена да распише нов оглас за заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Тричлената комисија при проверка на кандидатите исто така не дала зелено светло за кандидатурата на Елена Андреевска поради тоа што кандидатот не исполнувал 2 услови. Првиот е да има работно искуство како судија или јавен обвинител од најмалку 8 години, додека вториот услов е тоа што Андреевска не доставила сертификат за познавање на странски јазик.

Девет члениот Управен одбор кој одлучувше за новиот директор и заменик директор на Академијата е во состав на Сашо Рајчев, Оља Ристова, Маријана Радевска Стефкова, Лилјана Спасоска, Лазар Нанев, Осман Шабани, Љубица Караманли Попчевски, Фаик Арслани и Мери Тромбева.

Досега, цели 12 години директорската функција на Академијата за судии и јавни обвинители ја извршуваше Анета Арнаудовска која беше критикувана во јавноста поради продолжувањето на мандатот, аферата со лажни дипломи и преименувањето на Академијата.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико