НАТО договори формирање на „ударна тупаница“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министрите за одбрана на земјите на НАТО сојузот во четврток на состанокот во Брисел, одобрија групирање на сили за брза интервенција, кои би требало да бидат распоредени во источните земји на сојузот во одговор на заканата од Русија и кризата и војната во Украина.
Министрите заклучија дека е направен напредокот во спроведувањето на така наречената Подготвеност за Акциониот план, замислен уште на самитот во Велс минатата година, а кој предвидува воспоставување на такви сили.
Освен предупредувањата кои доаѓаат од исток, силите “Spear head” за кратко време би биле подготвени да одговорат на заканите кои можат да произлезат и од други жаришта во близина на границите на сојузот,, како што се Блискиот Исток и Северна Африка,пренесува Хина.
Силен сигнал на солидарноста на НАТО
Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија прифатиле да бидат првите земји кои ќе учествуваат во овие нови сили, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата по завршувањето на средбата на министрите за одбрана на НАТО.
Ова ќе бидат вистински мултинационални сили, нагласи и додаде дека тоа е силен сигнал на солидарноста на НАТО.
Новите сили за брза реакција ќе бидат распоредени во Литванија, Латвија и Естонија со седиште во Полска, дел од силите ќе бидат распоредени зво Романија и Бугарија.
“Ова е критичен момент за безбедноста на Европа”, изјави пред новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред состанокот на претставниците на 28 членки на Алијансата.
Тој потоа најави дека во текот на денот ќе биде донесена одлука за формирање на нова единица за брза реакција, т.н.” ударна тупаница” на НАТО, која што по потреба, ќе може да се употреби во рок од само неколку дена.
“Денес ние ќе ги дефинираме големината и составот на “ударната тупаница”, рече генералниот секретар, образложувајќи ја одлуката за потребата Алијансата да одговори на предизвиците поставени од украинската криза и конфликтот на Блискиот Исток.
Одбранбени мерки
Покрај тоа, беше најавено дека министрите формално ќе одлучат за формирање на седиштето и командните центри во шест земји од Источна Европа: Полска, Бугарија, Романија, Латвија, Литванија и Естонија.
“Овие одлуки ја покажуваат определбата на НАТО да ја бранат секоја членка од секоја закана, било од каде што ќе дојде”, изјави Столтенберг.
Столтенберг истакна дека овие мерки се чисто од одбранбен карактер и дека со истите не се крши договорот со Русија дека војниците на НАТО нема да се акумулираат на источната граница, бидејќи во седиштата ќе се ротираат мал број на луѓе, а ќе бидат активирани само во случај на потреба.
На маргините на состанокот во Брисел најавен е и состанок на НАТО-Грузија.
Извор: AlJazeera