НАТО инвестира во балканските земји | Правдико

Правдико

   

НАТО инвестира во балканските земји

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

НАТО започнува соработка со владите од регионот на проекти за обнова и засилување на транспортната инфраструктура на Балканот, велат властите.

Во Македонија НАТО финансира проект за реконструкција на мостови, во согласност со меморандумот на разбирање што Алијансата го потпиша со македонското Министерство за транспорт и врски.

mostovi-obnova

Властите велат дека НАТО реконструираше 51 мост во првите две години од проектот во три фази. Почетокот на третата фаза беше предвиден за минатиот ноември на патот Велес-Катланово од Европскиот транспортен коридор 10.

Оваа година НАТО ќе заврши со реконструкцијата на 13 мостови во проекти што чинат околу 9 милиони евра, рече Миле Јанакиески, македонскиот министер за транспорт и врски.

„Комплетната реконструкција на мостовите треба да заврши до септември 2015 година“, рече Јанакиески.

НАТО постигна договор со Македонија во 2005 година за реконструкција на сите мостови што ги користеше на патот од македонско-грчката граница до Косово за време и по косовскиот конфликт во 1999 година.

„Оштетувањето на мостовите беше поради фрекфенцијата на возилата на НАТО. Hивното санирање е гест на добра волја од нивна страна кон земја која уште во 2008 година требаше да биде дел од НАТО“ рече за SETimes Владо Бучковски, поранешен премиер на Македонија, кој го потпиша договорот со НАТО.

Во Косово војниците на КФОР градат мостови, патишта и прават тунели.

КФОР изгради нов привремен воен мост во Раковина минатиот јули, кој ги поврзува Ѓаковица и Клина со Приштина, и траен мост во Дечани минатиот септември.

Оваа година КФОР ќе изгради нов мост на патот Звечани-Лепосавиќ, покрај тоа што ќе изврши итни поправки на патиштата, рече Масимилиано Рицо, офицер за односи со јавноста на КФОР.

„Постоечкиот не е погоден за цивилен сообраќај и затоа КФОР изгради привремен мост наречен „Џорди“. Проектот за нов постојан мост ќе се реализира во соработка со Министерството за инфраструктура ова лето“, рече Рицо за SETimes.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) ЕУФОР контингентот на Алијансата формираше група од романски, полски и португалски инженери за подобро да помогнат во обновата на транспортната инфраструктура.

Но, обновата на транспортната и друга инфраструктура во БиХ вклучува дополнителна задача на расчистување на стотици илјади нагазни мини останати од конфликтот во периодот 1992-1995 година.

„Исчистени се повеќе од 200.000 метри квадратни во внатрешната градска област, со што се овозможи користење на земјиштето за комерцијални цели, за да се обезбедат подобри услови за живот и да се подобри движењето на луѓето“, рече за SETimes Амра Бабиќ, началник на општина Високо.

Официјалните претставници на ЕУФОР велат дека транспортната инфраструктура честопати оди рака под рака со подобрувањето на водоводната и електричната инфраструктура.

„Убеден сум дека со волјата на народот на БиХ, и политичката подготвеност за заедничко водство и компромис, БиХ може да напредува кон ЕУ и да им понуди на своите граѓани поголеми можности и подобар заеднички живот“, рече Дитер Хајдекер, командант на КФОР.

Извор: SETimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико