НАТО ќе ги бомбардира проруските сили во Украина?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Истакнат член на партијата на украинскиот претседател Петро Порошенко изразил уверување дека НАТО наскоро ќе се вклучи во конфликтот со проруските сепаратисти.
Гостувајќи на украинскиот ТВ Канал 5, Вадим Денисенко рекол дека следниот веројатен чекор на западните сили всушност би било директно бомбардирање на позициите на сепаратисти во Доњецк и Луганск, кое би требало да почне во следните неколку месеци.
Денисенко во емисијата „Украина пред сè“ одговарал на прашањето што го спречува НАТО активно да се вклучи во украинската криза.
„НАТО е многу бавен кога станува збор за каква било акција. Но пред само шест месеци никој не ни помислуваше дека Западот ќе ни помага со вооружување, а сега сè е подготвено за примопредавање на опремата. Потоа, следниот чекор ќе биде бомбардирањето“, рекол Денисенко.
Тој го нагласил и наводно ветување од Меѓународниот монетарен фонд дека за време на оружениот конфликт парите без проблем ќе пристигнуваат во Украина.
Од друга страна, официјална Москва веќе ги обвинува Киев и ЕУ, поради, како што велат, испораката на оружје на територијата контролирана од украинската армија. Исто така, Западот и Порошенко со месеци обвинуваат дека Русија испорачува оружје во бунтовничките региони.
Извор: МКД