НАТО почнува голема воена вежба на Медитеранот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.НАТО денеска почнува воена вежба на копно, во вода и во воздух, која според Алијансата ќе биде најголем тест за нејзината воена способност од 2002 година.
Тринеделната вежба „Периодот на трозабецот“ ќе се одржи во замислен африкански регион, наречен Соротон, управуван од непријателски диктатори, каде почнал терористички бунт и каде царува етничка тензија.
Најважниот дел од вежбата ќе почне по тренингот на воените сили претходно овој месец, со учество на високи претставници на НАТО во Сицилија и ќе продолжи на италијанска, шпанска и португалска територија.
Околу 36 илјади војници и цивили, 130 авиони, 16 хеликоптери и 60 бродови и подморници ќе земат учество во вежбата.
Во неа учествуваат 30 држави, вклучувајќи ја Украина и членките на Африканската унија. Русија е поканета да ја следи вежбата како набљудувач.
Претставници на НАТО ги демантираа тврдењата, дека вежбата е насочена против Москва и покрај тоа што со неа се тестираат новите сили за брзо реагирање на Алијансата, создадени минатата година како одговор на дејствувањето на Русија во Украина.
Извор: 24Вести