НАТО: Потврдена условената покана од Букурешт за Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министрите за надворешни работои на земјите-членки на НАТО во рамки на Северно-атлантскиот совет (НАК) денеска ја повторија политиката на „отворени врати“ на Алијансата и ја потврдија условената покана за членство на Македонија од Самитот во Букурешт, јавува МИА.
Ја повторуваме цврстата посветеност на НАТО на евроатлантските интеграции на БЈР Македонија. Ние го цениме нејзиниот непоколеблив придонес за нашите операции и нејзината долгогодишна посветеност на процесот на пристапување во НАТО.
Ние ја потврдуваме нашата одлука донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а повторена на последователните самити, дека НАТО ќе испрати покана на БЈР Македонија веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение за прашањето за името во рамките на Обединетите нации. Ние продолжуваме да ги интензивираме своите напори кон таа цел, се наведува во декларацијата на НАТО-минситрите, во делот за Македонија.
Во заклучоците од денешниот состанок, НАТО-минситрите посочија дека ја потврдуваат посветеноста на политиката на отворени врати согласно членот 10 од Вашингтонскиот договор, како што неодамна е поставено од страна на шефовите на државите и владите на земјите-членки на Самитот во Велс.