Нацрт-амандамните на уставот и ребалансот на буџетот в понеделник пред собраниските комисии | Правдико

Правдико

   

Нацрт-амандамните на уставот и ребалансот на буџетот в понеделник пред собраниските комисии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седумте нацрт – амандмани на Уставот и ребалансот на Буџетот в понеделник, на првиот работен ден по годишните одмори на пратениците, ќе се најдат пред матичните собраниски комисии. 

sobranie-3

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како што најави, за 25 август ја закажа седницата на Комисијата за уставни прашања, со која претседава и која треба да ги изгласа предложените нацрт – амандмани. Собранието, пак, за нив треба да се изјасни две дена подоцна поточно во сред на 27 август. Нацрт – амандамните што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дисксуијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври. 

Со нацрт – амандман се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница.

Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата. Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор. 

Ќе се менува името на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија со еден од амандманот. 

Во однос на Државниот завод за ревизија, со нацрт-амандманот се предлага тој да биде независен државен орган, а оти неговиот прв човек го избира Собранието. 

Петтиот нацрт-амандман се однесува на формирање на финсиска зона, а со шестиот Владата ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП. 

Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. 

Според најавите за нацрт-амандманите се очекува да бидат организирани најмалку пет дискусии.

За понеделник седница има закажано и собраниската Комисија за финансирање и буџет на чиј дневен ред е ребалансот на Буџетот на Република Македонија. По завршување на седницата предлог-амандманите од пратениците заедно со предлог-ребалансот ќе бидат вратени во Владата. Оттаму, пак, со вградените забелешки ребалансот повторно ќе биде доставен до Собранието, кое се очекува да го усвои во средината на септември. 

Во Собранието во понеделник ќе се одржат и седници на комисиите за култура, за образование, наука и спорт и за труд и социјална политика.

Извор: Утрински весник

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико