Утврдување на данокот за наследство и подарок
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Целокупниот недвижен имот како и правото на плодоуживање и користење на недвижниот имот, кој наследниците го добиваат во наследство врз основа на Законот за наследување, односно примателите на подарок го добиваат како дар врз основа на договор за подарок, е предмет на оданочување со данок на наследство и подарок.
Овој вид на данок се плаќа и доколку се наследат или се примат како подарок готови пари, други парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, под услов да нивната пазарна вредност е повисока од износот на едногодишната просечна плата во РМ во претходната година.
Даночен обврзник
Обврзник на данок на наследство и подарок е секое физичко и правно лице – резидент на РМ кое наследува одреден имот или пак прима имот на подарок, како и странско физичко и правно лице – нерезидент, за оној недвижен и подвижен имот на територија на РМ кој го наследува или пак прима на подарок
Даночната основица
Основа за пресметување на данокот на наследство и подарок претставува пазарната вредност на наследениот, односно на подарок примениот имот, согласно пропишаната Методологија, која вредност се намалува за долговите и трошоците што го товарат имотот кој е предмет на оданочување.
Даночна стапка
Стапката е пропорционална и различна во зависност од наследниот ред. Доколку станува збор за обврзник од втор наследен ред таа се движи од 2% до 3%, а доколку обврзникот е трет наследен ред или пак не е во никакво сродство со оставителот, односно со дародавачот, се движи од 4% до 5%.
Наследниците од прв наследен ред се ослободени од данок. Советот на соодветната општина односно Советот на градот Скопје, со одлука ја утврдува висината на даночната стапка.
Добивање Решение за утврдување на данок на промет на недвижности за договор за доживотна издршка
За добивање на решение потребно е да се потполни Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижности (готов образец од општината) со:
- Три правосилни решенија од наследство – 1 оригинал, две копии заверени на нотар,
- Извод од матична книга на родените или венчаните,
- Имотен лист,
- Доказ за уплатени 300 денaри на име административна такса.
- Уверение за платени даноци со уплатени административни такси од по 100 денaри за секоја договорена страна.
Рок за донесување на актот 30 дена по приемот на комплетната документација.
Извор:http://www.ujp.gov.mk
Поврзани статии:
– Потребни услови за составување тестамент
– Кога не се плаќа данок за наследство и подарок?
– Кога може да се јави исклучување од наследство
– Кога наследникот се прогласува за недостоен за наследување?