Навални ги тужеше затворските власти затоа што ги цензурираат неговите книги и весници | Правдико

Правдико

   

Навални ги тужеше затворските власти затоа што ги цензурираат неговите книги и весници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска се појави на сослушување преку видеоврска бидејќи ги тужеше на суд затворските власти дека незаконски му ја ограничуваат испораката на книги по негов избор и му ги цензурираат весниците што ги чита.

Затворската установа изјави пред судот дека сите постапки ги спроведува во согласност со рускиот закон, пренесува „Ројтерс“.

Навални во април рече дека го тужел затворот затоа што не го добил Куранот што го побарал на почетокот на рамазанскиот пост.

Рускиот опозиционер рече дека не добил пристап до ниедна книга што ја донел или нарачал во текот на изминатите месеци во затвор бидејќи сите треба да бидат прегледани поради екстремизам за што затворските власти изјавија дека им требаат три месеци.

Во февруари судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор под обвинение дека ја прекршил условната казна за време на закрепнувањето од труење во Германија за кое ги обвинува руските власти.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико