Навални го тужи рускиот затвор бидејќи не му дава зимски чизми | Правдико

Правдико

   

Навални го тужи рускиот затвор бидејќи не му дава зимски чизми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални вели дека го тужи затворот во кој е затворен затоа што не му дал зимски чизми.

Навални, кој моментално се наоѓа во самица, во серија твитови денеска наведе дека му требаат чизмите за да влезе на вежбањето што му е дозволено секој ден, а кое треае 90 минути, во област од бетон покреина со мраз многу помала од неговата ќелија, рече тој.

„Немојте да се смеете. Воопшто не ги издаваат. И навистина ми требаат. Поминаа неколку недели откако целата колонија се префрли на зимска облека, а моите злобни затворски чувари дрско не ми ги даваат моите зимски чизми“, рече тој.

46-годишниот Навални беше уапсен во јануари минатата година по неговото пристигнување во Москва од Германија, каде што беше лекуван од напад со отров со она што европските лаборатории го дефинираа како нервен агенс од советски стил.

Потоа му беше изречена затворска казна од 2 и пол години за прекршување на условите од претходно условно ослободување поради неговото закрепнување во странство.

Оригиналната пресуда нашироко се смета за измислен, политички мотивиран случај.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико