Навивачи фрлале камења кон полициска станица во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Група младинци, најверојатно членови на навивачка група „Комити“, револтирани од приведувањето на нивни членови кои учествувале во нарушување на Јавниот ред и мир на вчерашниот фудбалски меч помеѓу Вардар и Шкупи, почнале да фрлаат камења и други тврди предмети кон објектот на полициската станица Центар.
Нема повредени полициски службеници нема и засега не е пријавено оштетување на предмети. Во врска со настанот, во полициската станица Центар е приведен А.З. (19) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Извор: Нова Македонија