Наводен поддржувач на Исламска држава oбвинет дека поттикнувал напад врз принцот Џорџ | Правдико

Правдико

   

Наводен поддржувач на Исламска држава oбвинет дека поттикнувал напад врз принцот Џорџ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поддржувач на групата Исламска држава бил даден на суд во Британија за поттикнување напади врз 4-годишниот принц Џорџ.

Обвинителите велат дека 32-годишниот Хуснаин Рашид обезбедил „е-алатка за тероризам” на он-лајн канал што го водел под името Lone Mujahid.

Обвинителката Анабел Дарлоу во средата изјави дека Рашид охрабрувал напади врз голем број цели, вклучително и „вбризгување отров во сладоледи во супермаркети и напад на принцот Џорџ во неговото прво училиште”.

Обвинителите велат дека еден пост вклучувал и фотографија од принцот, адреса од неговото училиште, силуета на џихадистички борец и пораката „дури ни кралското семејство нема да биде оставено на мир”.

Рашид негирал дека подготвувал терористички дејства, поттикнувал тероризам и ширење терористички написи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико