Не мора да се пријавува данок за малите добивки на спортска | Правдико

Правдико

   

Не мора да се пријавува данок за малите добивки на спортска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

oblozuvalniciВладата прифати дел од барањата на Организацијата на обложувачниците, со што ќе се олеснат процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувачниците.

Граѓаните веќе нема да добиваат потврди од обложувачниците за секоја добивка и нема да имаат обврска тие да ги чуваат и да поднесуваат годишна даночна пријава. Наместо тоа, обложувачницата ќе го одбива данокот од исплатата и ќе го уплаќа и ќе доставува извештај до УЈП.

– Ќе се редуцираат административните процедури. Играчите нема да треба да доставуваат ГДП, а обложувачниците нема да треба да издаваат потврда за секоја добивка, туку ќе ги евидентираат добитниците во посебен формулар, кој ќе го доставуваат до УЈП еднаш во текот на месецот – објаснува Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.

Наместо на вкупната сума, која спортската обложувачница треба да ја исплати, данок ќе се пресметува и ќе се плаќа само на сумата на чистата остварена добивка, односно на разликата меѓу сумата што треба да се исплати и уплатената сума. Измените се прават по реакцијата на Организацијата на приредувачи на игри на среќа во спортските обложувачници. Тие реагираа и на обемната административна процедура, односно на обврската да издаваат потврди за секоја добивка.

– Одлучивме да прифатиме дел од забелешките со што ќе го надополниме системот, а законот ќе биде од интерес и за обложувачниците и за играчите – вели Ѓоргиев.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико