Не може да се самопопишуваат лица што се откажале од државјанството, велат од Државниот завод за статистика | Правдико

Правдико

   

Не може да се самопопишуваат лица што се откажале од државјанството, велат од Државниот завод за статистика

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица што се откажале од македонското државјанство.

Оттука велат дека станува збор за дезинформации.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица што ги нема, ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен“, наведе Државниот завод за статистика.

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера изјави дека граѓаните што имаат пасош од земјите што дозволуваат само едно државјанство, што значи дека се откажале од македонското државјанство, може да се попишат со извод или со каков било документ што го поседуваат и дека тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико