Не очекуваат поскапувања во 2016 година | Правдико

Правдико

   

Не очекуваат поскапувања во 2016 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се очекува дека стапката на инфлација во 2015 година ќе изнесува околу 0%. Ваквото непроменето ценовно ниво во однос на претходната година произлегува од негативните промени на цените на енергентите, при мал раст на прехранбената компонента и на базичната инфлација, соопшти Народната банка во најновиот извештај.

bitcoin-price-up

„Во 2016 година се очекува годишен просечен раст на цените од околу 1,5%. Растот на домашните цените е во согласност со движењето кај увозните цени, во услови на очекувано засилување на инфлацијата кај трговските партнери, додека од втората половина на 2016 година се очекуваат поголеми притисоци и кај прехранбената и енергетската компонента, согласно со очекувањата за раст на светските цени на нафтата и пченицата.

Мали ефекти врз инфлацијата се очекуваат и од понатамошниот раст на домашната побарувачка и зголемувањето на базичната инфлација. Ризиците за проектираната патека на инфлацијата во 2016 година се главно поврзани со променливоста на цените на светските примарни производи и неизвесноста околу нивните идни движења.

Во 2017 година се очекува дека инфлацијата ќе се стабилизира на 1,6%, во услови на натамошно закрепнување на домашната побарувачка, раст на странската ефективна инфлација и мало зголемување на увозните цени на храната и на енергијата“, се вели во извештајот.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико