Не помина извештајот за работата на второстепената комисија за инспекциски нaдзор | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Не помина извештајот за работата на второстепената комисија за инспекциски нaдзор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не го усвои извештајот за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски нaдзор и прекршочна постапка за 2017 година. Опозицијата преку пратениците Зоран Илиоски и Ана Лашкоска обвини за популизам и побара  извештајот да не се усвојува без претставник на Државната комисија. На ова Александар Кирацовски од СДСМ рече дека нема потреба од таков претставник.

„Врз основа на кој член претставникот нема обврска да биде присутен на комисијата кога се разгледува извештајот? Досега немало ваква пракса. Не сакаме запирање на извештајот, туку сакаме одложување на разгледувањето. Некој треба да го брани извештајот”, рече пратеничката Ана Лашкоска.

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ тврди дека Државната комисија е незаконски разрешена бидејќи, според него, бројките на решени предмети покажуваат успешност во работата. На ова реагираше пратеничката од владејачкото мнозинство Анита Симевска-Димовска која смета дека не е успешно работењето, ако не се решени 25% од предметите.

„Оваа комисија не работела според роковите”, додаде Симовска-Димовска.

Иако пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше одложување на точката, предлогот не беше прифатен со 7 гласа против и 4 гласа за.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико