Небраска ја укина смртната казна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американската држава Небраска ја укина смртната казна откако конзервативците го поддржаа овој предлог.
Традиционално конзервативната Небраска со ова се приклучи кон групата од 18 држави и федералната област Вашингтон.
Небраска е првата традиционално конзервативна држава која ова го направила во последните четири децении. Во оваа држава не е извршена смртна казна од 1997 година.
Мерката ја поддржаа 30 пратеници, додека 19 беа против, што било доволно за надгласување на ветото, кое претходно го постави гувернерот Пит Рикетс.
Извор: Мета.мк