Небраска на пат кон укинување на смртната казна | Правдико

Правдико

   

Небраска на пат кон укинување на смртната казна

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците од конзервативната држави во Небраска го одобрија предлог-законот за укинување на смртната казна со доволно гласови за да ги отфрлат ветото кое го најави републиканскиот гувернер на таа држава Пит Рикетс.

108960

За укинување на смртната казна гласаа 32 членови на еднодомниот парламент во оваа земја, а 15 од нив беа против.

Небраска  во голема мера е републиканска држава кога се гласа на национално и државно ниво, а конзервативците се оние кои генерално ја поддржуваат смртната казна во САД. Ако ветото на гувернерот не го поништи гласањето , Небраска ќе биде првата конзервативна држава во САД која ќе ја укине смртната казна од 1973 година.

Ниту еден затвореник не е погубен во  Небраска од 1997 година. Гувернерот Рикетс вети дека ќе стави вето и минатата недела објави дека државата набавила нова супстанција за смртоносната инјекција за да може да продолжи со погубувањата. Последната држава  во САД, која ја укина смртната казна беше Мериленд, во 2013 година. Моментално триесет и две амерички држави имаат смртна казна.

Партнери на Правдико