Неделава се отвораат трговските центри, автошколите, обложувачниците…
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Оваа недела во функција се враќаат затворените трговски центри, центрите за едукација, обука, семинари за возрасни, центрите за организација на седници на органи за управување и конференции, автошколите, испитните центри, спортските тренинзи на отворено за индивидуални спортови, како тенис, и спортските и други обложувачници, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој најави дека следната недела можно е отворање на угостителските објекти, а потоа и базените, салите за вежбање, фитнес-клубовите, казината…
Трговските центри ќе се отворат, но оваа недела не смеат да нудат угостителски услуги, а обложувачниците ќе работат само преку шалтер.
„Сето ова е во согласност со критериумите препорачани од Комисијата за заразни болести. Сите субјекти мора да се придржуваат до дистанцата, носењето заштитни материјали и одреден број присутни во локалите, односно на местата. По следењето на епидемилошката состојба кога ќе се вратат во функција сите овие економски оператори, следната недела доаѓа предвид да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови и повторно по епидемиолошката анализа и следењето на состојбата неделата што следува по оваа, игрите на среќа во казината, автомат-клубовите, тренинзите во затворени спортски објекти и базени, работата на салите за вежвање и фитнес-клубовите и хотелските објекти“, најави министерот Филипче.
Овој план Комисијата за заразни болести денес ќе го поднесе до Владата и за него таа дополнително ќе расправа. Помеѓу примената на сите овие препораки детаљно ќе се следи епидемиолошката состојба во земјата.
Денес, регистрирани се десет новозаболени од коронавирус, а Комисијата за заразни болести состојбата со вирусот кај нас ја оцени стабилна.
Извор: Макфакс