Неделков: СОНК ќе го одржи најавениот штрајк | Правдико

Правдико

   

Неделков: СОНК ќе го одржи најавениот штрајк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Синдикатот изјави дека штрајкот ќе се одвива така што вработените ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи.

070A8F9590D26945B8F13EB2D91E2007

Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата во вторник ќе го одржи најавениот генерален штрајк, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на СОНК Јаким Неделков.

– СОНК на 20 јануари ќе влезе во генерален штрајк, бидејќи три месеци од октомври до декември преговаравме. Тоа беа јалови преговори каде ништо не ни беше понудено од ресорните министерства. СОНК нема друг избор и мора да си ги бара своите права според донесената одлука, рече Неделков.

Тој подвлече дека одлуката за штрајк е донесена од Советот на СОНК врз основа на изјаснувањето на членовите на Синдикатот, членството за поддршка на барањата упатени до МОН, МТСП, Министерството за култура.

Неделков ги оцени како девалвирање на работата на раководството на СОНК – Советот на Синдикатот кој брои 44 членови и претседателот на Синдикатот дека одлуката за штрајк била резултат на личните интереси на раководството и најави дека ќе бара одговорност за тоа од тие што клеветеле.

Штрајкот ќе се одвива така што вработените ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико