НЕДОПИРЛИВИ: Кои се најдобро чувани државници во светот ?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателите или премиерите се секогаш најчувани во секоја држава, а во земјите загрозени од војна или тероризам, системот за заштита на државниците е дополнително засилен. По мерката на ригорозно обезбедување се издвојува претседателот на САД, Барака Обама, првиот човек на Русија, Владимир Путин, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и папата Францис, пишува „Спутник.“
Израелската разузнавачка служба Мосад ужива репутацијата на една од најдобрите организирани тајни служби во светот. За неа се поврзани многу сложени операции, кои овозможија Израел да опстане во арапскиот регион. Сепак, дури и во таква сериозна служба, можни се пропусти.
Пример за пропуст е Грегорјан Ерсија, илегален имигрант кој живеел со години во Израел под под лажен идентитет, бил телохранител на Бенјамин Нетанјаху, во времето кога тој беше лидер на опозицијата.
Безбедносните експерти велат дека овој случај е преседан, бидејќи безбедноста на стотици државници грижат, а кога станува збор за лидерите на најголемата и најразвиена земја, илјадници луѓе.
Еден од најдобро чувани луѓе на планетата секако е претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Постојат неколку кругови на неговото обезбедување, а се проценува дека за сигурноста на претседателот се грижат дури десет илјади луѓе. Иако за обезбедувањето на Путин не се знае многу, скоро со сигурност може да се каже дека еден од неговите најблиски соработници е генералот Виктор Золотов.
Претседателот на Русија го запозна на почетокот на деведесеттите години, како еден од телохранителите на тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак. Золотов оттогаш станува неговиот бокс и џудо спаринг партнер. Спортската заљубеност на претседателот на Руската Федерација му задава тешка главоболка на неговата служба за безбедност.
Путин често знае да не го почитува протоколот. Познато е дека е голем љубител на спортот, посебно ектремните спортови, знае да навлезе длабоко во шумата, да плива во диви реки, да припитомува опасни животни и слично. Доста е интересна изјавата на припадник од неговата служба за безбеднос – „кога е (Путин) во Миг или подморница, тогаш сме најбезгрижни“.
Кога ќе се спомне за најобезбедуван човек во светот, голем процент од луѓето мислат на претседателот на САД, Барак Обама.
Обама е обезбедуван од Тајната Служба на САД, а за бројот и идентитетот на лицата што го обезбедуваат може само да се шпекулира, се чуваат како најстрога тајна. Најчесто медиумите излегуваат со бројки за обезбедувањето на Обама само кога тој треба да посети некоја земја, некој настан надвор од САД, па можеме да слушнеме бројки како десет, тринаесет па дури и петнаесет илјади – бројки што експертите сметаат дека се доста повисоки.
Обама е најдолго заштитуваниот претседателски кандидат од тајната служба – 18 месеци пред да биде изгласан за американски претседател.
Најмоќниот човек на светот најчесто патува со медицинска екипа која што ја сочинуваат медицински сестри, хирурзи и друг медицински персонал, секогаш подготвени да извршат интервенција доколку се наруши здравјето на претседателот на било каков начин.
Резерви од AB крвната група, групата на Обама, се секогаш достапни во случај на сериозен инцидент или обид за атентат на претседателот на САД.
Висок воен офицер што ги знае шифрите за лансирање на нуклеарни ракети, секогаш е во присутство на претседателот.
Високата технологија и најбезбедни оклопни возила се карактеристика на службата за безбедност на Обама.
Безбедносните експерти се согласуваат дека покрај Обама и Путин, најдобро обезбедуван човек во светот е поглаварот на Католичката црква. Ватиканската гарда е основана уште во 1506 година и се состоела од швајцарски војници кои се лојални и храбри. Гардата на папата, во иста формација постои и денес, но нејзината улога е повеќе козметичка.
Папата Францис е поедноставен од неговите претходници кои се возеа во блиндирани скапи возила, и претендира да покаже скромност, па затоа избрал да се вози Фиат 500. Но освен возилото, тој не се прашува многу кога ќе стане збор за неговата безбедност. Покрај неговата гарда, папата има високо квалификувана и бројна безбедноста служба за која се знае малку, но се смета за една од најдобрите во светот.