Изгласана недоверба на шпанскиот премиер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Мнозинството пратеници во шпанскиот Парламент му изгласаа недоверба на претседателот на техничката влада, Маријано Рахој, со што е оневозможено формирањето функционална влада и се продлабочи политичката криза во земјата, а воедно почна и одбројувањето до третите избори за само една година.
Рахој, лидер на конзервативната Народна партија (ПП), ја загуби довербата на пратениците со 189 гласа „против“, наспроти наспроти 170-те кои беа „за“.
Нему му беше потребно апсолутно мнозинство од 176 гласа во 350-члениот парламент, но тој беше поддржан само од неговата партија, центристичкото движење „Сијудаданос“ и еден пратеник од Канарските острови, пренесува The Local.
Народната партија, која е на власт од 2011 година, на изборите во декември и јуни освои мнозинство од пратеничките места, но два пати остана без апсолутно мнозинство бидејќи гласачите, гневни заради корупција и строгото штедење, се свртеа кон новоформираните партиски опции.
Во Парламентот во петок ќе се одржи уште едно гласање за доверба, а на Рахој тогаш ќе му треба просто мнозинство, односно повеќе гласови во негова корист отколку против него, но и тогаш има мали шанси тој да успее во тоа, оценуваат медиумиte.
Социјалистите, кои на изборите беа второпласирани, одбија да го поддржат Рахој, а нивниот лидер Педро Санчез во Парламентот кажа дека Рахој „нема кредибилитет“.
Доколку за два месеца не се формира новата влада, Парламентот повторно ќе биде распуштен, а Шпанците ќе бидат повикани на нови избори, на 25 декември, наведуваат американските медиуми.
Социјалистите и неколку други партии веќе предложија скратување на кампањата за повторените избори да може да се одржат на 18 декември.
Со оглед на цврстите ставови на партиите аналитичарите сметаат дека третите избори сега се најверојатното сценарио, вели Антониот Баросо, аналитичар на шпанската политика, од тинктенк организација во Лондон.
„Тешко е да се замисли дека нешто повеќе може да и наштети на шпанската демократија од тоа да им се каже на граѓаните дека нивниот глас е безвреден во два наврати и дека се потребни општи избори по трет пат“, вели Рахој во своја одбрана.
Гласачите остануваат фрустрирани од политичарите кои гледаат дека не можат да постигнат компромис и да формираат функционална влада.
„Немаат срам, само за себе гледаат, не за доброто на државата“, вели Хесус Руиз, 348-годишен градежник додека ја поправа фонтаната во близина на палатата од 17 век на центарот на Мадрид, каде е сместено министерството за надворешни работи.
Извор: Макфакс