Неготинчанец со лажно име нудел посредување за работа во Германија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.
Пријавениот под лажно име на веб страницата „Пазар 5“ нудел посредување за вработување во Германија, по што оштетениот Б.Б. контактирал со пријавениот кој му посочил дека доколку сака да работи во Германија потребно е на неговата трансакциска сметка да изврши уплата на парични средства.
Откако оштетениот уплатил 36.550 денари пријавениот му потврдил дека дозволата за работа во Германија ќе ја добие за некое време.
По подолг период оштетениот се посомневал дека бил измамен, по што го пријавил случајот.