Неизвесно дали денеска ќе се изгласа зголемувањето на минималната плата – над 30 пријавени за дискусија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.И покрај ветената поддршка за законот за минимална плата од опозициските пратеници, по отворањето на распрaвата на денешната седница, се пријавија над 35 пратеници. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари е популистички закон со цел поткупување на гласачите пред локaлните избори.
„Ние сме за дебата и за подобар закон за издржано решение. Ова е наметнат закон за да им се додворите на гласачите. Ова е како бакшиш пред изборите за гласачите. Поинаку не може да се толкува, чиста манипулација со ранливите категории граѓани“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев.
Пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, рече дека и покрај големиот број пријавени за дискусија, законите секако ќе бидат донесени. „Граѓаните нека ценат и проценуваат дали ова е предизборен маркетинг. Кажувате дека ќе го поддржите законот, а не е добар и не е издржан. Сепак, ќе го поддржите за да може на вашите гласачи да им кажете дека сте за покачување на минималната плата. Ако законот не е добар, зошто тогаш не поднесовте ниту еден амандман“, рече пратеникот Васко Ковачевски.
Расправата по предлог-законот за зголемување на минималната плата започна со процедурални забелешки и прекин на седницата со половина час пауза. Покрај овој закон, на дневен ред се законот за материјално обезбедување на стечајците и за минимална плата.
Г.Д.М
Извор: Макфакс