Неколку лица приведени за злоупотреба на субвенции | Правдико

Правдико

   

Неколку лица приведени за злоупотреба на субвенции

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Неколкумина лица денеска се приведени и изведени пред судија на претходна постапка, објави порталот „Судство.мк“. Лицата се приведени под сомневање дека направиле злоупотреба на службената положба и овластување за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции.

Според вршителот на должност претседател на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, полицијата со приведување на осомничените започнала уште од девет часот наутро,  но тој не знае колку лица се осомничени и до кога ќе трае приведувањето.

Од МВР за НОВА ТВ ја потврдија акцијата, но велат дека се уште немаат никакви детали и најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски додека беше технички министер предупредуваше дека во изминатите десет години незаконски се делеле субвенции на фирми блиски до тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски тогаш рече дека пратеничката Весна Пемова, сопругата на пратеникот Александар Спасеновски, која воедно и и шеф на Кабинет на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и водителот Миленко Неделковски се само дел од имињата блиски на власта кои добивале државно земјиште за користење и земјоделски субвенции.

Извор:НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико