Нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила | Правдико

Правдико

   

Нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ја известува јавноста дека останува во
сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите кои што се вршители на
енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги поради
состојбата со пандемијата Ковид-19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните
системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки
додека трае вонредната состојба.

„ Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да
има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време
сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под
надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат
солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите.“ изјави Марко Бислимоски, претседател
на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Во исто време известуваме дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е во разговори
со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март,
април и мај се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. По постигнување на договор за
конечниот модел ќе биде информирана јавноста.

Препорачуваме

Партнери на Правдико