Нема да се покрене обвинение против командантот на ОН за злостораства во Сребреница | Правдико

Правдико

   

Нема да се покрене обвинение против командантот на ОН за злостораства во Сребреница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

contact-law-court-_2510890bВрховниот суд на Холандија одлучи  дека заменикот командант на баталјон на холандските мировници Том Кареманс и двajцa од неговите подредени нема да бидат обвинети за наводно учество во злосторството во Сребреница, каде што загинаа тројца муслимани. Роднините на тројца од жртвите побарале од судот да му нареди  Холандското обвинителство да покрене обвинение против Кареманс и двајца негови подредени, обвинувајќи ги дека намерно  дозволиле, па дури и принудиле тројца муслиманите да го напуштат  засолниште на ОН во Потпчари,  по што тие беа убиени во Сребреница, објави Ројтерс.

Сепак, на Одделот за воени случаи на Врховниот суд, со седиште во Архем заклучи дека обвинителите минатата година донесоа вистинска одлука да не покренат обвинение против тројцата војници. “Заменикот на командантот на баталјонот не можел да знае дали Мухамед Нухановиќ може да се справи со значителен ризик да биде убиен  по напуштањето на база”, се наведува во одлуката на  судот, додавајќи дека го ослободува Кареманс од  одговорност.

Таткото на Нухановиќ, Ибро бил премногу стар за да биде воено оспособен, па можел да  остане во рамките на базата, но тој доброволно одлучи да ја напушти со неговата сопруга и син. “Тоа беше храбра одлука, за која тој заслужува голем респект. Но, тоа беше негова одлука, за која никој друг не може да биде одговорен”, рече холандскиот суд.

Третиот  муслиман е Ризо Мустафиќ, електричар вработен од страна на холандскиот баталјон. Поради тоа тој би можел да остане во базата но тоа не му било соопштено.  Овој пропуст би можел  да биде основа за обвинение за убиство, но во меѓувреме тоа дело застари, заклучи судот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико