Правдико

   

Нема да треба енергетски пасош за старите станови и куќи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сопствениците на стари станови и куќи нема да треба да вадат енергетски пасош доколку решат да го продаваат или изнајмуваат објектот се до влезот на земјава во Европската Унија. Ова се предвидува во измените на Законот за енергетиката, кои веќе се во владина процедура. Според решението, обврската за енергетски пасоши ќе се однесува само на новоградбите. Енергетските пасоши кренаа голем прав во јавноста, а сите засегнати страни беа децидни дека ќе мора да се прецизираат одредени детали, како и да се пролонгираат роков. Граѓаните, пак, што издаваат или продаваат објекти беа во недоумица што да прават. Некои од нив веќе ги реновираа за да добијат сертификат за енергетски карактеристики, иако можат да го добијат и без реновирање, ама со пониска категорија.

B28BE84FEA568D478EFAE060830DA0DE

Обврската за сертификат за енергетски карактеристики почна да важи од почетокот на годинава, а освен за новоградбите, важи и за граѓаните што продаваат или издаваат стан поголеми од 50 квадрати, како и за тие објекти што значително се реновираат. Со сега предложените измени сите овие обврски паѓаат во вода, а ќе останат да важат само за новоградбите.

Дополнителни трошоци

– Со предложениот закон за изменување на Законот за енергетиката се утврдува делот за енергетска контрола и издавање сертификат за енергетски карактеристики на зграда да се применува само за нови објекти од сите категории, а за постојните објекти да важи од влезот на Република Македонија во Европската Унија при продажба и давање под закуп – стои во образложението на измените. Исто така, се пропишува сертификатот за енергетски карактеристики на зграда за државните и за сите правни субјекти да не се обновува на три години, туку неговата важност да биде 10 години.

„Дневник“ пресмета и дека вадење енергетски пасош за стан од 60 квадрати ќе ги чини граѓаните минимум 50 евра. Тоа го покажа математиката ако се земат предвид правилниците со кои се утврдени цените на надоместоците што се плаќаат при вадење на ваквите сертификати. Услугата на енергетските контролори чини од 30 денари до 50 денари за квадратен метар. Потоа надоместокот за издавање потврда дека минималните барања за енергетска ефикасност, кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност, чини 5 денари за квадрат плус ДДВ, а сертификатот 15 денари за квадрат плус ДДВ.

Неофицијално измените се носат со цел да се избегнат дополнителните трошоци за граѓаните за прибавување на сертификатите и да се овозможи подолг период за подготовка на објектите за новите правила.

Kус рок за приспособување

Од Министерството за економија не ги коментираат предложените измени кои поминале на влада бидејќи се чека да не има некои допрецизирања на владините комисии.

– Пред да помине на комисија Министерството нема да може да даде одговор. Останува денес да видиме што ќе произлезе од комисијата – велат од ресорот.

Од Градежната комора при Стопанската комора ги поздравуваат измените и велат дека тешко ќе можеше да се реализира обврската за краток рок.

– Сепак, ние сме за тоа да има препорака до граѓаните дека треба да направат напори и дека е во нивен интерес да живеат во енергетски ефикасни објекти бидејќи така ги рационализираат трошоците и ја намалуваат потрошувачката на енергија – вели Никола Велков, претседател на Kомората.

И од агенциите за недвижности, кои најмногу инсистираа дека е мал рокот за вадење енергетски пасош за сите станови и куќи што се нудат на продажба или изнајмување, ги поздравуваат измените.

– Во целост го поддржувам ова решение, тоа е исправно е и реално. Нема потреба да се брза и да се создаваат немир и нови трошоци за граѓаните. Секако сум за тоа новоградбите да имаат енергетски пасош – вели Слободан Митровски, сопственик на агенцијата за недвижности „Асторија“.

Извор: Дневник

Партнери на Правдико