Правдико

   

Нема договор меѓу Грција и Еврозоната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 

Во соопштението се посочува дека министрите на Еврогрупата на средбата во Брисел разговарале за „неразумен и неприфатлив предлог-текст за продолжување на финансиската помош“ за Грција.

Greece's PM Tsipras addresses a news conference after an EU leaders summit in Brussels

– Во такви околности неможе да биде постигнат договор денеска, се нагласува во соопштението на Кабинетот на Ципрас.

Предлогот што е одбиен од страна на Грција на средбата на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната, предвидува продолжување на програмата за помош на Грција за шест месеци.

Во предлог-документот се нагласува дека тој е изработен врз основа на најавите на грчката влада „дека ќе побара шестмесечно техничко продолжување на актуелната програма, како преоден чекор“.

Рок до крајот на неделата за продолжување на програмата

Грција има рок до крајот на неделата да побара продолжување на посточеката програма за финасирање, изјави вечетва во Бресел шефот на Еврогрупата, Јерон Дијселблом.

Дијселблом нагласи дека нов состанок на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната ќе се одржи оваа недела, единствено доколу Атина испрати такво барање.

– Општото чувство во Еврогрупата е дека и натаму најдобро решение за грчките власти би било да побараат продолжување на програмата. Едноставно ни треба повеќе време, изјави Дијселблом во Брисел, каде вечерва се одржува средба на министрите за финансии на земјите-членки.

Министерот за финансии на Малта, Едвард Сциклуна, кој учествува на состанокот во Брисел, изјави дека било „катастрофа“ доколку Грција реши да не побара продолжување на програмата за финансирање.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико