Нема информации од СЈО кој и зошто е повикан на распит
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство не дава никакви информации за распитите кои се водат во ова Обвинителство за објавените и необјавени прислушувани разговори, каде деновиве се појавија сегашни и поранешни министри, поранешни претеници, бизнимени и други јавни личности.
„Ве известуваме дека како што беше соопштено во овој момент нема да соопштуваме податоци за предистражните постапки кои се водат во ова јавно обвинителство“, одговараат од Специјалното јавно обвинителство на новинарските прашања дали ќе има распити, кој ќе се појави во Обвинителството, за кој случај и во кое својство.
Ниту функционерите кои новинарите ги чекаат по цел ден да излезат од Обвинителството не кажуваат детали за постапката со образложение дека предистражните постапки се тајни.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во понеделникот во разговор со новинарите едиствено потврди дека и неделава ќе има распити во Обвинителството и дека се очекува неделава таму да се појават и функционери кои биле повикани претходно, но не се одзвале на поканата.
Меѓу нив се споменуваше поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, но нема официјална потврда дали тој ќе се појави во СЈО. Во текот на вчерашниот ден на распит во СЈО, речиси четири часа беше Министеката за култура, Елизабета Канческа – Милевска која единствено откри дека била повикана како сведок и дека била многу задоволна од поканата на СЈО за да може да потенцира законското работење на Министерството за култура.
Пред нејзе од СЈО излезе бизнименот, Орце Камчев, но и за него нема информации во кое својство бил во СЈО и за кој случај. Во понеделникот се шпекулираше дека во СЈО треба да се појави поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, но не дојде.
Токму Јанакиески и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беа помилувани за најголем број кривични дела.
Извор: Макфакс