Нема камата за хонорарците, но само до јуни | Правдико

Правдико

   

Нема камата за хонорарците, но само до јуни

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За хонорарците кои не добиле ниту една пресметка за придонеси, од ПИОМ велат дека или не се обврзници или оставиле погрешни податоци

847B28746EFBBA438DC0371F21597A5B

За задоцнета уплата на социјалните придонеси за хонорарите нема да се наплаќа камата. Ова го тврдат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), откако хонорарците се пожалија дека иако се пријавиле уште од јануари, досега не добиле ниту една пресметка за да платат социјални придонеси.

Од ПИОМ нагласуваат дека камата нема да се наплаќа за сите хонорари кои се исплатени заклучно со јуни. Камата за задоцнето плаќање на придонесите, додаваат од ПИОМ, ќе почне да се пресметува за хонорарите кои ќе се исплатат во јули и тоа доколку тие не се регулираат заклучно со 15 август. А истото ќе важи и за наредните месеци ако се пробие рокот за плаќање по 15 во месецот.

Од ПИОМ велат дека во прашање може да се две објаснувања околу тоа зошто има хонорарци на кои за пет месеци не им е издадена ниту една пресметка за да платата придонеси.

„Едната е дека тие не го исполнуваат условот за плаќање на придонеси, бидејќи примениот надоместок е понизок од минималната плата утврдена со закон (9.590 денари) за невработени и 21.588 денари за вработени и пензионери. Овие лица дополнително ќе бидат известени дека не се обврзници за плаќање на придонеси за хонорарите“, објаснуваат од Пензискиот фонд.

Другата причина е што хонорарците не оставиле точни податоци. „Не се точни можеби податоците за имејл адреса, телефонскиот број, погрешна трансакциска сметка, или пак да е погрешен единствениот матичен број ЕМБГ. Овие осигуреници може во секое време да се обратат во филијалите на Фондот и податоците да се исправат во најкраток можен рок“, велат од ПИОМ.

На ваквото објаснување од пензискиот Фонд, реагираат хонорарците кои велат дека не е можно да им се погрешни сите податоци кои ги приложиле заедно со документацијата. „Ако не е точна имејл адреста, тогаш можат да не’ побараат на мобилен телефон, или обратно “, вели една хонорарка, која за четири месеци нема добиено ниту една пресметка. Таа е револтирана што сега ќе мора за сите четири месеци да пополнува посебно формулари за секој месец и да бара потврда од банката кога го примила хонорарот.

Како што неофицијално дознаваме од извори од Пензискиот фонд, не е исклучено документите на некои хонорарци да се загубени. Тие уште велат дека во Фондот пристигнуваат многу документи, сите тие треба да се внесат во системот, така што е можно да се направи пропуст поради премногу документи и податоци.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико