Нема нови министри, партиите без договор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четирите политички партии синоќа не успеаа да се договорат за новите министри и дополнителните заменици-министри и пробија уште еден рок (полноќ 20 октомври) предвиден со договорот од Пржино.
Според информациите преговорите запнале не кај имињата на потенцијалните министри и замениците, туку кај нивните ингеренции.
ВМРО ДПМНЕ смета дека министерот за внатрешни работи треба да избере само неколкумина свои соработници, и згора на тоа тој да нема никакви овластувања да менува началници и да прави кадровски смени. Според СДСМ, министерот треба да има широки ингеренции што е спротивно на договорот од Пржино кој вели дека тој треба да биде исклучиво како гарант за организирање на фер избори.
Денеска работните групи треба да разговараат и за министрите, но и за законот за „бомбите“, за „свиркачите“, анкетната комисија за прислушувањето, медиумите.. Единиствен напредок има кај изборната регулатива и ако се исполни главниот услов што го постави СДСМ, а тоа е назначување и на останатите обвинители во специјалното обвинителство тој уште денеска може да влезе во Собранието.
Олеснувачот Петер Ванхауте вчера изјави дека очекува законот за „бомбите“ да биде во согласност со европските стандарди.
– Законите може да ги усвоите само ако имате амбиција да бидете членка на ЕУ еден ден, а таа амбиција може да ја имате само ако сте согласни дека тие ќе бидат усогласени со европските стандарди. Тоа треба да го одлучи работната група во наредните денови, рече Ванхауте.
Извор: Утрински Весник