Нема потреба од нови построги мерки, вирусот е раширен во целата држава, сметаат епидемиолозите | Правдико

Правдико

   

Нема потреба од нови построги мерки, вирусот е раширен во целата држава, сметаат епидемиолозите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нема потреба од воведување нови построги мерки, односно тие не би дале резултат, оцениле епидемиолозите на утринската координација со министерот Венко Филипче.

Според анализите на епидемилозите, со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста на респираторниот вирус, односно на 6. до 8. недела од третиот бран, нема потреба од нови мерки. Тоа, според епидемиолозите, значи дека вирусот има широка инфекција на територијата на целата држава.

На состанокот е утврдено дека болничките капацитети за прием на ковид-пациенти за разлика од ноември се зголемени 50 %, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти, што бара сериозен пристап и координација што успешно се менаџира.

Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент, доколу е потребно, може да се стават на располагање за прием на ковид-болни.

Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот што следува останува да се следи ситуацијата и во согласност со тоа, доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико