Нема притвор за ексминистерката за култура Канческа-Милевска, останува без пасош | Правдико

Правдико

   

Нема притвор за ексминистерката за култура Канческа-Милевска, останува без пасош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд Скопје соопшти дека се одбиени жалбите на СЈО и за обвинетите, меѓу кои и поранешната министерка за култура  Елизабета-Канческа Милевска, и уште две лица за определените мерки за претпазливост изречени од Кривичниот суд во случајот „Тендери“.

Во случајот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, за која СЈО на вчерашната расправа побара притвор, а таа, пак, побара да ѝ биде вратен пасошот. СЈО бараше притвор и за второобвинетата државна советничка во Министерството за култура, Лидија Лазарова Цветковска, и одбивање на жалбата за враќање на пасошот на Јулијана Угриноска, економистка во Министерството за култура.

Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико