Нема притвор за осомничените во ,,Транспортер”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Постапувајќи по жалби поднесени од одбраната на осомничените С.М. и А.Ш за кои судија на претходна постапка определи мерка притвор, како и жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите против решенија на судија на претходна постапка со кои за лицата В.Д. и А.А. го одби предлогот за определување мерка притвор и им определи мерки за обезбедување присуство, Кривичниот совет приОсновниот суд Скопје 1 – Скопје одржа седница во присуство на одбраната и обвинителството на која ги донесе следните одлуки:
Жалбите на одбраната на обвинетиотите С.М. и А.Ш против решението на судија на претходна постапка за определување мерка притвор се уважуваат и решението на судијата се преиначува така што се определуваат мерки за обезбедување присуство односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавува во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напушта живеалиштето односно престојувалиштето.
Жалбите на Обвинителството против решението на судијата на претходна постапка се одбиваат и се потврдува решението на судијата со кое на лицата В.Д. и А.А. им се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавува во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напушта живеалиштето односно престојувалиштето.