Нема притвор за Сеад Кочан и за Василие Авировиќ | Правдико

Правдико

   

Нема притвор за Сеад Кочан и за Василие Авировиќ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судии на претходна постапка одлучија Сеад Кочан и Василие Авировиќ да не бидат претворени, туку за Авировиќ изрече мерки за претпазливост Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Од Основниот суд Скопје 1, во петок известија дека постапувајќи по предлози на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), пред судии на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера беа повикани двете лица, за кои се однесуваат предлозите за определување мерка притвор, да се признесат во однос на предлозите во присуство на Јавен обвинител од СЈО и овластен правен застапник.

Во одонос на лицето С.К. по разгледвуање и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО. На ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа.

„Во однос на лицето В.А. Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост од член 146 став 1 точка 6 и точка 7 од ЗКП што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка беше уважен и со решение определени се мерки – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од три дена“, се додава во соопштението од суд.

Имено, СЈО покрена нова истрага со назив „Труст“ со која се открива како со фалсификат документација конзорциум добил јавна набавка вредна повеќе од 17.200.000 евра, а осомничени се управителот на Трансмет, второ осомничен е поранешниот управител на Силекс неметали и управителот на „Ваго доо“ – Студеничани кои склучиле договор со ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико