Правдико

   

Нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет информира дека работната група која го посетила кривичниот суд вчера не утврдила пропуст кај судијата Пајазит Пајазити кој му напиша покана за затвор на експремиерот Никола Груевски за предметот на специјалното јавно обвинителство под кодно име „Тенк“.

Новоизбраниот член на Советот, штипјанецот Сашко Георгиев и членовите Шемседин Јусуфи и Беким Реџепи, и Весна Толева, државнaта советничка во Судскиот совет направиле увид во предметот за Груевски во Одделот за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 Скопје.

„Работната група по извршениот увид во списите на предметот констатира дека по предметот е постапувано со исклучителна итност и исклучително почитување на законските рокови, односно постапувано е професионално и стручно од страна на судијата за извршување на санкции и постапката е спроведена во рамките на законот, односно согласно Законот за извршување санкции“, пишува во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико