Нема веќе ди-џеи и пејачи во локалите, на маса ќе можат да седат најмногу четворица луѓе | Правдико

Правдико

   

Нема веќе ди-џеи и пејачи во локалите, на маса ќе можат да седат најмногу четворица луѓе

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стапува на сила забраната за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, откако во последниов период зачестија групирањата, гужвите и непочитувањето на мерките против Ковид-19 во дел од скопските кафулиња.

Владата на вечерашната седница го прифати овој предлог на Комисијата за заразни болести, а дополнително, јачината на музиката ќе се намали до 55 децибели, исто како и бројот на лица кои можат да седат на една маса во угостителски објект – од сегашните 12 на четири луѓе.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди оваа одлука и рече дека станува збор за оправадни мерки и дека сега е добар период кога треба да се имплементираат.

„Ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди. Една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз, како и мерката за носење маски на отворено“, изјави тој.

Според него, за ваквите и за други мерки би размислувале во подоцнежните есенски месеци, кога се очекува и појава на сезонскиот грип, настинки поради студеното време, како зголемена загаденост на воздухот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико