Нереди на границата кај Гевгелија – армијата го подигна степенот на готовност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По кратка пауза, мигрантите од земјите кои не се загрозени од војната протестираат повторно на грчко-македонската граница, во близина на Гевгелија, каде што десетина мигранти се искачиле на жичаната оградата со барање да им биде дозволено да влезат во Македонија.
На преминот кај Гевгелија има два кордони на полиција, а македонските безбедносни сили заробиле поголема група на мигранти кои некако успеале да ја заобиколат оградата, и ги вратиле во Грција.
На границата продолжуваат да доаѓаат голем број на специјални сили, додека армијата е подготвена со солзавец и водени топови, а пристигнале и неколку оклопни возила.
Воената полиција ги отстрани новинарите од граничниот премин.
Десетина економски мигранти, главно од Иран, се искачиле на оградата, и ги мотивираат останатите да протестираат.
Голем број на мигранти се блиску до оградата на грчката страна, а во првите редови се деца кои носат транспаренти на кои пишува: „Ви благодариме за вашата помош“ и „Не сме терористи, ние сакаме мир.“